БЛИСКИ ИСТОК

САД верува во прекин на огнот во Сирија

17.07.2025 08:46

Вчера израелската војска почна воздушни напади во Дамаск, погодувајќи го седиштето на сириското Министерство за одбрана и во близина на претседателската палата во ридовите надвор од главниот град...

Администрацијата на Трамп верува дека прекин на огнот во Сирија е можен. Вчера израелската војска почна воздушни напади во Дамаск, погодувајќи го седиштето на сириското Министерство за одбрана и во близина на претседателската палата во ридовите надвор од главниот град.

„Ние презедовме огромна обврска да ја стабилизираме Сирија. И нашиот специјален пратеник, амбасадорот Барак, го води тоа. Знаеме за таа ескалација. Ја повикуваме сириската влада, всушност, да ја повлече својата војска за да им овозможи на сите страни да се деескалираат и да најдат пат напред“, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.

Друзите се составен дел од Сирија, ги осудувам постапките на Израел за сеење поделба, став на сирискиот претседател по неколкудневните судири меѓу милициите на Друзите и сунитските бедуински племиња.

„Имаме два избора, отворена војна со Израел на сметка на нашата заедница Друзи и стабилноста на Сирија, или да им дозволиме на друзските водачи и старешини да се вратат на разумот и да го покажат националниот интерес пред оние кои сакаат да го оцрнат угледот на чесниот народ на планината. Ние не се плашиме од војна – ги поминавме нашите животи соочувајќи се со предизвици и бранејќи го нашиот народ“, изјави Ахмад ал Шара, привремен претседател на Сирија.

Судирите беснеат со денови во јужниот сириски град Свеида меѓу владините сили и Друзиското население, а Израел почна десетици напади насочени кон владини трупи и конвои. Тел Авив вели дека нападите се во поддршка на религиозната малцинска група и вети дека ќе го ескалира своето вклучување.