ЦУК

ЦУК: Изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, 3 се сè уште активни

17.07.2025 09:18

Според објавата на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои: 3 се активни, 1 е под контрола, додека 17 се изгаснати...

Центарот за управување со кризи утрово го објави извештајот за пожари на отворен простор (16/17.07.2025). Според објавата на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои: 3 се активни, 1 е под контрола, додека 17 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума); Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума и ниска вегетација);

Под контрола е ставен пожарот во Општина Дојран кај с. Николич (нискостеблеста шума).