УКРАИНА
Киев подготвен за нова рунда разговори, на фронтот продолжуваат битките
17.07.2025 10:27
На фронтот продолжуваат битките, расте бројот на жртви и повредени...

Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха вели дека Украина е подготвена за понатамошни мировни преговори со Русија, но не предложи конкретен датум. Го повтори повикот на Киев за средба меѓу руските и украинските лидери, велејќи дека тоа би бил најефикасниот чекор кон постигнување договор за прекин на огнот.
На фронтот продолжуваат битките, расте бројот на жртви и повредени. Тече рокот од 50 дена од САД, за кое време Москва треба да постигне прекин на огнот.
