ЕК го презентираше Буџетот за следната година
Шефицата Фон Дер Лајен уверува дека Брисел мора да инвестира повеќе во капацитетите за одговор и во независноста...

Европската комисија презентираше план за Буџетот на Европската унија од два трилиони евра во следните седум години. Шефицата Фон Дер Лајен уверува дека Брисел мора да инвестира повеќе во капацитетите за одговор и во независноста. Предлог-буџетот треба да му овозможи на блокот да одговори на кризи како што се војната во Украина, климатските промени, железничката и енергетската мрежа, земјоделството.
„Одвојуваме 100 милијарди евра за Украина. Знаете, го имаме украинскиот фонд за реконструкција. Првично, со среднорочниот преглед беа пополнети 50 милијарди евра, но овие износи полека, но сигурно, се намалуваат, и затоа предлагаме 100 милијарди евра повторно да се пополни украинскиот фонд, за поддршка на закрепнувањето, отпорноста и, секако, нивниот пат кон членство во ЕУ“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Буџетот го опфаќа периодот од 2028 до 2034 година, а нацртот треба да биде одобрен од сите 27 земји-членки, како и од Европскиот парламент за да биде усвоен. Фон Дер Лајен призна дека дури и во рамките на нејзиниот тим комесари за политика – кои го финализираа предлогот – не сите се задоволни од износот.
