АБА лигата се дели на две групи, вкупно 18 екипи
Новина во АБА лигата ќе биде и поделбата во две групи на екипите за сезоната 2025/26...

Новина во АБА лигата ќе биде и поделбата во две групи на екипите за сезоната 2025/26. Со новиот број на екипи вкупно 18 ќе значеше и дополнителни четири натпревари. Ова пред сè ќе беше проблематично за тие екипи што имаат настапи и во европските купови.
Во новата сезона од АБА лигата членови ќе бидат романскиот Клуж и австриската екипа Виена, како и Босна и Илирија кои преку АБА 2 лигата изборија пласман во елитното балканско натпреварување.
Лигата ја напуштаат Цибона и Морнар како две најслабо пласирани екипи од изминатата сезона.
Но, со поделбата на две групи екипите ќе имаат помал број натпревари во сезоната. Секоја од групите ќе има по девет екипи.
И во новата сезона нема да има македонски претставници во елитното АБА натпреварување.
