Унгарски кредит

Влада: Потпишани договори за 828 инфраструктурни проекти во општините

17.07.2025 16:00

Најмногу средства ќе бидат вложени во транспорт. Ќе се инвестира и во животната средина, водоводната и канализациска мрежа, образованието, во изградба на градинки и училишта. Со најмногу проекти аплицирала општина Битола...

Општините ги потпишаа договорите за 828 проекти од јавниот повик за унгарскиот кредит во вредност од 225 милиони евра. Најмногу средства ќе бидат вложени во транспорт, 132 милиони евра за 589 проекти за патишта и улици. Ќе се инвестира и во животната средина, водоводната и канализациска мрежа, образованието, во изградба на градинки и училишта. Со најмногу проекти аплицирала општина Битола.

Ресорниот министер најави чести теренски посети за да се следи реализацијата на проектите. Станува збор за вкупно 1.116 проекти. 113 од 288 од првиот повик се завршени, а 25 во завршна фаза.

Покрај инвестирањето во општините, 150 милиони евра преку комерцијалните банки се префрлени на стопанството, а вратена е и еврообврзницата од 500 милиони евра.

Александра Велинова