Македонското знаме ќе се вее на „Вол стрит“
Во чест на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, македонското знаме ќе биде поставен над зградата на Берзата во Њујорк...

Македонското знаме ќе се вее на „Вол стрит“. Во чест на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, македонското знаме ќе биде поставен над зградата на Берзата во Њујорк. Само знамињата на Израел и на Турција претходно се вееле на „Вол стрит“.
Од македонска страна на поставувањето на македонското знаме, покрај претставници на една од најголемите берзи во светот, ќе присуствуваат генералниот конзул во Њујорк, Гоце Карајанов и претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски.
„Ова е прв пат македонското знаме да се вее над Вол стрит и да се вее неколку дена Македонци ќе има од подрачјето на Њујорк и Њу Џерси. Се организираме, ќе има музички настан, фолклорен настап, се надеваме дека знамето ќе го подигне некој од македонско потекло кој учествувал во американските војни“, изјави претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски.
Македонското знаме ќе се вее на јарболот на „Вол стрит“ од 8-ми до 11-ти септември, кога на годишнината од терористичките напади врз Њујорк повторно ќе биде истакнато американското знаме.
Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи пред 20 години, а во 2004-тата година, Америка го призна уставното име на Македонија.
Ирина Гелевска
