Македонија

Ветерот предизвика нови пожари, гори на неколку локации во државава

17.07.2025 19:32

Нема услови за гаснење од воздух...

Ветрот во скопско и во кумановско предизвика нови пожари, гори на неколку локации во државава. Пожарот кај скопско Мршевци се прошири, зафатена и црквата. Нема услови за гаснење од воздух.

На територијата на државата регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, 3 се под контрола, 8 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.