Временска прогноза
Сончево и посвежо со мала до умерена облачност
18.07.2025 08:22
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
