воен конфликт

Москва предупредува за употреба на странско оружје

18.07.2025 08:32

Секоја потенцијална употреба од страна на Украина на германски ракети „таурус“ би значела дека германските војници се директно вклучени во планирањето и спроведувањето на воени операции против нашата земја, вели портпаролката на руското МНР...

Русија ги предупреди земјите што обезбедуваат ракети со долг дострел за Украина, дека ќе се соочат со последици.

Секоја потенцијална употреба од страна на Украина на германски ракети „таурус“ би значела дека германските војници се директно вклучени во планирањето и спроведувањето на воени операции против нашата земја, вели портпаролката на руското МНР.

„Првите ракети соборени од нашите системи за воздушна одбрана ќе ни овозможат брзо да утврдиме каде и како се произведени и, што е најважно, точно да ја именуваме земјата на потекло. Веќе предупредивме за последиците“, изјави Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија.

Германскиот канцелар Мерц сигнализираше дека плановите за понатамошна поддршка на Украина во соработка со сад остануваат во тек.

Неговите коментари дојдоа за време на средбата со британскиот премиер Кир Стармер, откако нивните земји потпишаа договор за јакнење на одбранбените и економските врски.