Блиски исток

ООН бара единство и почитување на сите заедници

18.07.2025 08:45

Советот за безбедност на Обединетите нации е информиран за ситуацијата во Сирија по израелските воздушни напади и жестоките судири меѓу сириските владини сили и милициите од малцинството Друзи.

Соединетите Американски Држави не ги поддржаа неодамнешните израелски напади во Сирија. Ние сме во дипломатски контакт со двете страни на највисоко ниво, како за решавање на сегашната криза, така и за постигнување траен договор меѓу двете суверени држави, велат од Стејт департментот.

„Претседателот Трамп ја изложи својата јасна визија за просперитетен Блиски Исток и стабилна Сирија во мир со себе и со своите соседи. Мирот меѓу соседите, вклучувајќи ги Израел и Сирија, е клучна компонента на оваа визија“, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.

Советот за безбедност на Обединетите нации е информиран за ситуацијата во Сирија по израелските воздушни напади и жестоките судири меѓу сириските владини сили и милициите од малцинството Друзи.

„Апсолутно е важно да се постигнат две работи. Прво, единство на сириската држава во однос на нејзиниот суверенитет, но со целосна интеграција на различните заедници во државата Сирија. И со целосно почитување на сите заедници и нивните права. Второ, важна е потребата од почитување на територијалниот интегритет на Сирија. На Сиријците е да го решат сирискиот проблем“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.

Лидерите на Друзите и претставниците на сириската влада објавија обновен прекин на огнот доцна во средата, со посредство на САД, Турција и арапските земји.