САД
Белата куќа објави дека претседателот Трамп е во добро здравје
18.07.2025 08:49
Портпаролката Каролин Ливит сподели белешка од лекарката на Трамп во која детално е опишан прегледот...

Белата куќа објави дека претседателот Трамп бил прегледан поради оток во нозете и дека му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција. Портпаролката Каролин Ливит сподели белешка од лекарката на Трамп во која детално е опишан прегледот.
„Претседателот беше подложен на сеопфатен преглед, вклучувајќи дијагностички васкуларни студии. Беа извршени билатерални доплер ултразвуци на вени на долните екстремитети и открија хронична венска инсуфициенција, бенигна и честа состојба, особено кај лица над 70 години“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.
Трамп наполни 79 години изминатиот месец.
