Промоција на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во Прилеп
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе присуствуваат на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе присуствуваат на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема.
Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција. На промоцијата ќе се обратат премиерот Мицкоски, министерот Мисајловски, началникот на ГШ, генералот Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.
