Горештините ги наполнија лекарските ординации
Високите температури предизвикуваат низа здравствени тегоби. Зголемена фреквенција на пациенти се бележи во лекарските ординации, каде се третираат колапси, варирање на крвниот притисок и стомачни инфекции...

Лекарските ординации бележат зголемен број на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок. Лекарите велат дека добар дел од пациентите не се придржуваат кон основните правила за заштита на здравјето на високи температури. Најпогодени се лицата со хронични болести, трудниците, како и оние кои работат на отворено.
Колабираната се чести и главно се резултат на наглите температурни промени кога од климатизирани простории се излегува на сонце.
Итната медицинска помош во Штип дневно интервенира во 15-на домови, а амбулантски во последните пет дена имало 270 интервенции. Зголемен е бројот на пациенти со миокардни инфаркти на Одделот за интервентна кардиологија во болницата во Штип.
Славица Величковска
