Жестоки борби во Источна Украина
Експлозии, улични борби и жртви. Источна Украина гори. Во Доњецк и во Луганск не прекинува огнот. И натаму се слушаат артилериски истрели на железничката станица Макивка, каде што се кријат цивили. Новинар на Франс прес јавува за неколку жртви. Ситуацијата во Луганск е најсериозна, во последните 17 дена градот е без вода и струја, со недели е под артилериски оган на украинската војска која се обидува да ја преземе контролата од проруските сили.

„Еден дел од Луганск е ослободен, додека во центарот на градот и натаму се водат улични борби“, рече Андриј Лишенко, портпарол на украинската војска.
Лишенко додаде дека денеска се пронајдени 15 тела на жртвите од вчерашниот ракетен напад врз бегалскиот конвој за кој проруските сепаратисти демантираа секаква умешаност. Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота ќе ја посети украина.
Бојана Крстевски