„Македонско најдобро“ - почна кампањата за зголемување на домашното производство
Македонија ја намалува увозната зависност од храна – истакна министерот Трипуновски промовирајќи ја кампањата „Македонско најдобро“. Со изборот на македонски производи се инвестира во домашната економија, порача тој...

„Македонско најдобро, македонска гордост, македонска традиција“ – почна кампања за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Надлежните очекуваат да се подобрат квалитетот, пристапот, но и да се поттикнат нови инвестиции.
Промовирани и дигитална платформа „македонсконајдобро.мк“, како и мобилната апликација кои треба да овозможат прецизни информации за најблиските продажни места за барани производи. На неа можат да се регистрираат земјоделците, преработувачите и продажните центри.
Зголемен е извозот на земјоделски производи, а се намалува увозната зависност – вели ресорниот министер. Трипуновски вели дека целта е со долгорочни мерки да се постигнат пониски цени.
Александра Велинова
