ОЈО

Обвинение против напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Арсовска

19.07.2025 10:02

Обвинителството ќе го гони Сулејман Љамалари за насилство поради инцидентот пред една недела, кога прво ја удирал, а откако реагирала полицијата, продолжил да ја навредува ...

Поднесено е обвинение против напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Обвинителството ќе го гони Сулејман Љамалари за насилство поради инцидентот пред една недела, кога прво ја удирал, а откако реагирала полицијата, продолжил да ја навредува и да ѝ се заканува на градоначалничката Арсовска.

Вториот пријавен за закани е ослободен, бидејќи Арсовска не го препознала.

На Љамалари му е продолжен притворот за 30 дена.