Утрово гужви на границите за влез и излез од државата
На граничните премини Богородица и Дојран утрово има забележително зголемена фреквенција на возила, со најмногу регистарски таблички од Македонија, Србија, Косово и останатите земји од регионот...

Утрово за излез од Македонија и влез во соседна Грција се чека и по два часа. Викендот, жешкото време и почетокот на последниот дел од месецот си го направија своето – редици од автомобили, нервозни патници и забавено патување кон летните дестинации.
На граничните премини Богородица и Дојран утрово има забележително зголемена фреквенција на возила, со најмногу регистарски таблички од Македонија, Србија, Косово и останатите земји од регионот.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од градските средини е значително зголемен. Според нивните информации, на Табановце се чека околу 35 минути, на Дојран од 15 до 25 минути, а на Богородица за влез се чека 15 минути, а за излез околу 45 минути.
