Средба Путин Јанукович

17.12.2013 16:56

Историска средба меѓу претседателите на Украина и на Русија, Јанукович и Путин. Заемот тежок неколку милијарди долари за спас на Украина од економска катастрофа, намалување на цената на гасот и стабилизирање на односите меѓу двете земји во врвот на агендата на двајцата шефови. Официјален Киев во доближувањето на двете земји и зголемувањето на трговската размена гледа излез од економската криза. Треба да се координираме не само ние, Русија и Украина, туку и со другите земји од слободната трговска зона за да обезбедиме целосна функционалност.

Историска средба меѓу претседателите на Украина и на Русија, Јанукович и Путин. Заемот тежок неколку милијарди долари за спас на Украина од економска катастрофа, намалување на цената на гасот и стабилизирање на односите меѓу двете земји во врвот на агендата на двајцата шефови. Официјален Киев во доближувањето на двете земји и зголемувањето на трговската размена гледа излез од економската криза. Треба да се координираме не само ние, Русија и Украина, туку и со другите земји од слободната трговска зона за да обезбедиме целосна функционалност. Соработката меѓу Украина и Русија ќе привлече и други земји, реше Виктор Јанукович претседател на Украина, пред почеток на средбата.Се надевам дека ќе постигнеме договор околу чувствителните прашања. Имаме шанса да постигнеме договор за поттик на трговските врски, изјави Владимир Путин претседател на Русија. Украинската страна побара од Русија да не соопштува детали од средбата.  Во меѓувреме во Киев расте тензијата, а масовните демонстрации продолжуваат. Украинската опозиција ја блокираше сесијата на Врховната рада и бара оставка на Владата. Доколку Јанукович потпише договор со Русија, тоа ќе значи билет во еден правец од Киев за Москва, рече Арсениј Јаценук лидер на обединета опозиција. Ако дојде до договор, опозицијата се закани со порадикални протести, а ЕУ повтори дека е подготвена за соработка со Украина, но треба да реши Киев.

Марија Петковска