Ѓоргиевски и Шукова „ќе се борат“ за Град Скопје
Двајца кандидати за градоначалничкото столче во Град Скопје на двете најголеми политички партии. Орце Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ, ќе си ги одмерат силите на локални избори наесен...

Двајца кандидати за градоначалничкото столче во Град Скопје на двете најголеми политички партии. Орце Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ, ќе си ги одмерат силите на локални избори наесен.
Претседателот на социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера ја соопшти одлуката на извршниот одбор на партијата, за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на кандидати за челници на 16 општини. Претходно, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги обелодени кандидатите на партијата како и за градоначалник на рад Скопје Орце Ѓорѓиевски. Локалните избори се закажани за во октомври.
