Активни пожари на неколку локации низ Македонија
Голем пожар го затвори автопатот кон Тетово. Огнена стихија се шири од Желино. Властите се сомневаат на подметнат пожар со тркалање на запалени гуми.

Гори на повеќе локации во Македонија. Пожарот во Желино времено го затвори автопатот Скопје-Тетово. Сомнежот е дека бил подметнат со запалени гуми, кои намерно биле тркалани по патот.
Пожарникарите постојано меѓу пламените јазици на тешко пристапни предели и се прават напори да се стават под контрола. Се гаси и од копно и од воздух, на помош повикани хеликоптери.
Во меѓу време, дел од граѓаните спасот од горештините го бараат на високо. На падините на Водно, оние кои пешачат, велат дека се многу внимателни.
И од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека постојано ја следат состојбата.
И натаму е тешко во општина Василево, каде гори на планината Готен.
Борис Грујоски
