Се откриваат адутите за локалните избори
Ѓоргиевски и Шукова во битка за градоначалничкото столче во Скопје. Кандидатката на СДСМ негира оти сопартијците не сакале да влезат во трка за главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ опозицијата оди кон сигурен пораз.

Се надевам на секој глас од граѓаните на Скопје, вели потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова која е кандидат на партијата за прв човек на главниот град. Таа тврди дека во ниту еден момент немала дилема дека треба да се кандидира за оваа функција и ги отфрли наводите дека никој не сакал да ја трча изборната трка во дрес на Социјалдемократите.
И додека Шукова вели дека сака функционални јавни претпријатија, чист воздух и здрава животна средина, безбеден град и запирање на урбанистичкиот хаос, власта ја критикува дека немала резултати како министерка за животна средина, па оттука и не може да се надева дека успешно ќе го води Град Скопје.
Засега познати имињата на двајца кандидати за градоначалничката фотелја во Град Скопје. Извесно е дека силите ќе ги одмерат Каја Шукова од СДСМ и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот градоначалник на Кисела Вода. Актуелната градоначалничка Арсовска од претходно соопшти дека не планира да се бори за втор мандат.
Александра Велинова
