Пиволенд - На едно место македонска музика, традиција и култура

19.08.2014 18:15

Скопското кале е локацијата на која 5 дена вистински ќе можете да уживате во вкусната храна и доброто пиво. На едно место ќе се промовира македонската музика, традиција и култура...

Скопје по 7 пат е домаќин на гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд. Скопското кале е локацијата на која 5 дена вистински ќе можете да уживате во вкусната храна и доброто пиво. На едно место ќе се промовира македонската музика, традиција и култура.

Годинашниот Пиволенд ќе го одбележи македонската музика – Леб и Сол, Бени и Нонстоп, Мизар, Тамара и Тијана се дел од музичките звезди.

„Единствен фестивал во Македонија кој протежира македонска узика и македонска култура. Минатата година бевме некаде на 85 проценти македонска музика, а оваа година сме сигурно 95 проценти, за до година најверојанто 100 проценти. Само од странство се МВП од Србија, Јосипа Лисац од Србија и Бански сарчета од Банско, Бугарија“, рече Дарко Масларковски, организатор на Пиволенд.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски со апел до граѓаните да внимааваат со конзумација на пивото.      

„Да упатам една порака, сите да консумираат пиво одговорно. Значи ова пред се е од забавен карактер, каде што луѓето ќе можат да се дружат, да слушаат музика, да уживаат во одговорно консумирање на пиво и во храна, која ќе биде со добра понуда, “ рече Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.     

Пиволендот започнува утре во 18 часот, запомнете целта не е напивање туку дегустација на пиво.

Анита Никушева - Јованчев