Кочани

Нов „Марш на ангелите“ за жртвите од трагедијата во Кочани

19.07.2025 19:14

Тишината е гласен потсетник, ваква трагедијата никогаш да не се повтори. Во Кочани попладнево се одржа 15-от „Марш на ангелите“, во спомен на жртвите од стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“...

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот почна во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата.

Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16-ти март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.