Пожари
Сè уште активни неколку пожари во земјава
20.07.2025 09:25
Активни неколку пожари во земјава, дел од нив се ставени под контрола. Активни се пожарите во општина Василево, Македонски Брод и прилепско...

Сè уште активни неколку пожари во земјава, дел од нив се ставени под контрола. Активни се пожарите во општина Василево, Македонски Брод и прилепско.
Големиот пожар што избувна кај тетовско Желино е ставен под контрола. За него има сомнеж дека е подметнат со запалени гуми кои биле пуштени да се тркалаат во зеленскиот појас. Под контрола е и пожарот кај велешкото село Џидимирци.
