алпинизам

Сашко Кедев стана првиот Македонец кој ги искачил сите врвови што се наоѓаат на над 8 илјади метри

20.07.2025 11:17

Историски успех за познатиот доктор и алпинист, Сашко Кедев. Тој стана првиот Македонец кој ги искачил сите врвови што се наоѓаат на над 8 илјади метри надморска височина...

Историски успех за познатиот доктор и алпинист, Сашко Кедев. Тој стана првиот Македонец кој ги искачил сите врвови што се наоѓаат на над 8 илјади метри надморска височина.

Кедев утрово беше дел од тимот на експедицијата ЏИ-1, предводен од „Имеџин Непал“ и успешно го искачил врвот Гашербрум 1 во Пакистан. Во тимот бил уште еден кинески и двајца непалски алпинисти.

Со тоа, Кедев успеа да ги комплетира сите 14 највисоки врвови во светот, што се на надморска височина од над 8 илјади метри.