Охрид

За зачувување на статусот на УНЕСКО потребен е одржлив туризам

20.07.2025 13:29

Охрид го живее екот на туристичката сезона, градот е преполн со туристи, но масовниот туризам носи негативни последици во сочувувањето на статусот на УНЕСКО. Експертите предлагаат стратегија за одржлив туризам во склад со заштитата на природата.

Унеско е бренд, заштитен знак на Охридскиот регион и еден од основните мотиви за привлекување на туристи, но, масовниот туризам носи низа штетни последици. Според експертите потребен е одржлив туризам, богатото културно историско наследство да се преточи во квалитетна туристичка понуда.

Да се промовираат ретките споменици на културата и историјата, уникатните природни вредности кои ќе донесат еколошки свесни и културни гости.

„Не сме свесни ние што значи да си на списокот на УНЕСКО конкретно за туризмот вас не ви треба друга реклама, Овој микрорегион не трпи толкав наплив на жители па и наплив на масовен туризам. На жал, Охрид, ако го задржеше, имиџот како еден заштитен град, сигурно ќе имавме помал број на гости, но многу поголем профит и ќе ја продолжевме сезоната“, вели екологот Ванчо Стојаноски.

Охрид е културна метропола со светско природно и културно наследство и итно е потребна стратегија и мерки за зачувување на статусот на Унеско, велат граѓаните.

Во секој случај да го сочува зошто тоа е голем придонес за градот воопшто и за Македонија. Ама треба многу да работаат да се отстранат сите забелешки.

Долги години се соочува особено со урбанизација, со диви депонии, со нелегални градби покрај целото Охридско крајбрежје. Така што можеби тоа треба да стане едно предупредување како да се однесуваме.

Бренд е привлекува туристи туристичко место сме.

Искуствата во светски рамки покажуваат дека одржлив туризам обезбедува поголем економски бенефит во дестинацијата, во однос на масовниот. Поголемиот дел од парите остануваат во локалната економија, а од друга страна се овозможува заштита на природата и културните вредности.

Соња Рилковска