Молк од Софија за заедничката резолуција
Софија молчи за предлог-заедничката резолуцијата со Македонија за гаранција на идентитетските прашања. Владата ќе ги чека за одговор до крајот на летото...

Софија молчи за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со кој се зацементираат посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Оваа резолуција се очекува да го откочи евроинтегративниот пат на земјава, вели заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.
Македонија ќе чека на Софија по летните одмори да се изјасни дали ја прифаќа иницијативата за заедничка резолуција. Засега нема потреба да се расправа во Собранието за резолуцијата како што побара лидерот на опозициската СДСМ, вели заменик-министерката за европски прашања.
За иницијативата за заедничка резолуција со Бугарија како можно решение за откочување евроинтеграцијата, запознаени се и европските претставници, коишто сакаат да видат забрзување на пристапниот процес на Македонија.
Ирина Гелевска
