Антикорупциска

Обвинението против Димитровска, удар врз ДКСК

20.07.2025 15:01

Коруптивните афери и обвиненија ја поткопуваат довербата на Антикорупциска. Правната фела очекува оставка или разрешување на Димитровска од претседателката функција на комисијата. Политичките партии на потег-дали ќе покренат иницијатива во Собранието?

Откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“, но оти дозволила друг во нејзино име да полага за да добие безбедносен сертификат, правници коментираат дека Димитровска треба да поднесе оставка, или да се поведе постапка за нејзино разрешување.

Експертите предупредуваат дека ако има сомнеж дека во ДКСК се прави злоупотреба на службената положба, тогаш не може да се очекува институцијата и системот да уживаат доверба.

Адвокатот Давидовиќ, пак, смета дека очекувањето корумпираните функционери сами да дадат оставка укажува на лоши законски решенија.

Законите важат за сите, одговорност ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во СДСМ, пак, ќе градат став по судската завршница. Засега неизвесно дали ќе се потегне иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска.

Од ДКСК сметаат дека постапката за нивната шефица нема да ја попречи нивната работа, бидејќи институцијата има кредибилитет, а одговорноста е индивидуална.

 

 
Александра Велинова