Македонија гори на неколку локации
Пет пожари беснеат на територијата на целата држава. Ер трактори гаснат од воздух, пожарникарите од земја. Огнената стихија која беше пламна вчера кај тетовско Желино сè уште жари. Надлежните се сомневаат дека некој намерно го разгорува...

Повторно оган во Желино. Продолжи справувањето со пожарот на планината Жеден каде сите индиции укажуваат дека е подметнат. И камерата на МТВ ги регистрираше запалените гуми.
Жителите на Желино се многу претпазливи. Раскажуваат дека стравувале од пожарот, иако и натаму сакаат да веруваат дека огнот не е подметнат од човек.
Според Ангелов, екипите кои се активирани кај Желино успеале да го пресечат огнот и да не дозволат да се прошири кон селото Еребино.
На терен, покрај пожарникари од Скопје и Тетово, имаше и полициски и армиски возила за гаснење огнови. Во земјава и натаму се активни неколку пожари. Гори во Македонски брод, но и во Василево на планината Готен.
Дел од пожарите се подметнати, како оној во Куманово, каде е уапсен 27-годишник кој под дејство на алкохол, со молотов коктел предизвикал пожар во Средорек.
Борис Грујоски
