На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за с. Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Денес од 10:00 ч. до 15.00 ч. сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за с. Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
