Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка в петок во Истанбул
Западните земји и Израел долго време го обвинуваат Иран дека има намера да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран постојано го негира, тврдејќи дека нуклеарната програма има исклучиво мирољубиви цели...

В петок во Истанбул, нов круг преговори за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и таканаречената европска тројка, Германија, Франција и Обединетото Кралство.
Западните земји и Израел долго време го обвинуваат Иран дека има намера да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран постојано го негира, тврдејќи дека нуклеарната програма има исклучиво мирољубиви цели.
На 13-ти јуни Израел изврши неочекуван напад врз Иран, кога беа убиени високи воени лица и научници, поврзани со нуклеарниот сектор. САД, поддржувајќи го сојузникот Израел, пред еден месец изведоа воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти.
