Руско - украински конфликт

Најмалку едно лице загина во синоќешниот руски напад врз Одеса

21.07.2025 10:26

Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени кога пожар зафати станбена зграда по синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса...

Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени кога пожар зафати станбена зграда по синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса.

Од друга страна, украински беспилотни летала повторно ја нападнаа Москва. Градоначалникот Сергеј Собјанин, објави дека руските единици за воздушна одбрана пресретнале 13 дрона што летале кон Москва, за помалку од два часа.

Нема извештаи за жртви или материјална штета.