По изборите Ишиба вети дека ќе остане
Јапонскиот премиер Ишиба Шигеру изјави дека има намера да остане на функцијата. Нагласи дека Владата не може да си дозволи да биде блокирана и додаде дека неговата партија треба да ја исполни својата одговорност како најголема политичка сила во комората...

По резултатите од изборите за горниот дом, јапонскиот премиер Ишиба Шигеру изјави дека има намера да остане на функцијата. Нагласи дека Владата не може да си дозволи да биде блокирана и додаде дека неговата партија треба да ја исполни својата одговорност како најголема политичка сила во комората. Неговата либерално-демократска партија и Комеито го загуби мнозинството со обезбедување само 47 нови места, значително помалку од 66-те места што ги имаа пред изборите. Ова е прв пат во 70-годишната историја на ЛДП партијата да предводи коалиција која не контролира ниту еден дом.
„Исклучително е жално што многу од нашите способни колеги од ЛДП и нејзиниот коалициски партнер, Комеито, ги загубија своите места. Како претседател на либерално-демократската партија, искрено се извинувам. Мора внимателно да ги слушаме гласовите на луѓето и да ја исполниме нашата одговорност како водечка партија во горниот дом, како и нашата одговорност кон луѓето во земјата да спречиме политиката да заглави или да западне во хаос.“, изјави Ишиба Шигеру – премиер на Јапонија
