Баер пред промоција, Наполи “заглави“ против Атлетик

19.08.2014 22:57

Во првите натпревари од “плеј офот“ за пласман во фудбалската Лига на шампионите, најефикасно беше во Копенхаген, каде што Баер Леверкузен славеше со 3 : 2. Во меч исполнет со пресврти, сите голови беа постигнати во првото полувреме. Германците поведоа преку Кислинг во 5 минута, а во следните 8 минути Јоргенсен и Амарти им донесоа водство на Данците. Сепак, одличните позиции на бундеслигашот пред реваншот ги вратија Белараби и Хјонг Мин.

Во првите натпревари од “плеј офот“ за пласман во фудбалската Лига на шампионите, најефикасно беше во Копенхаген, каде што Баер Леверкузен славеше со 3 : 2. Во меч исполнет со пресврти, сите голови беа постигнати во првото полувреме. Германците поведоа преку Кислинг во 5 минута, а во следните 8 минути Јоргенсен и Амарти им донесоа водство на Данците. Сепак, одличните позиции на бундеслигашот пред реваншот ги вратија Белараби и Хјонг Мин. Наполи без Пандев едвај извлече нерешено 1 : 1 против Атлетик Билбао, откако гостите водеа на полувреме преку Муниан а во второто израмни Игуаин.

Стеауа на само две минути до крајот преку Чипчиу ја доби балканската пресметка со Лудогорец, а минимална победа оствари и Салцбург над Малме, но со 2 : 1 и примен гол во финишот. Одличното водство на австрискиот првак со головите на Шајмер и Сориано го преполови Форсберг во 90 минута од мечот. Единствениот дуел без голови го одиграа Бешикташ и Арсенал. Утре се играат уште 5 натпревари, а на МРТ1 ќе го пренесуваме мечот меѓу Марибор и Селтик, со почеток од 20.40 часот.Студискиот дел од емисијата посветена на Лигата на шампионите почнува половина час порано.