Високите температури го зголемија бројот на интервенции на Службата за итна медицинска помош
Во периодот на високи температури и во текот на денот но и ноќта, велешани се повеќе се жалат на покачен крвен притисок, а има и бран на стомачни проблеми, дијареја, повраќање. Во работните денови зачестеноста на интервенциите на Службата за итна помош, е во вечерните часови, додека преку викенд повеќе пациенти има преку ден...

Жешкото време и постојаните температури над 30 степени во подолг период, влијаат на здравјето на велешани, според докторите од службата за итна медицинска помош. Имаат зголемен број на интервенции. Повеќето пациенти се од возрасната категорија на граѓани. Лекарите препорачуваат за хронично болните, редовно да ја примаат терапијата, лековите кои им се препишани.
Но и покрај предупредувањата дека од 11 до 17 ч. Не треба да се излегува на отворено, препораката за највозрасната категорија граѓани, тие не ја почитуваат. Потврдуваат и докторите, но и од анкетираните граѓани.
Највисоката температура летово во Велес беше измерена на 7 јули во 16 ч. Кога беа измерени 40 степени во сенка. Ноќните температури повеќе вечери не се симнуваа под 23 степени. Високите температури ја зголемија и потрошувачката на вода, од 150 литри во секунда во мај, на 230 литри во јули.
Петар Печков
