МВР

Зголемен број на возила на македонско-грчката граница, во функција се сите човечки и технички капацитети

21.07.2025 14:26

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р. Грција...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р. Грција, информираат од МВР.

Отворени се пет ленти за излез од Р.С. Македонија и пет ленти за влез во Р.С. Македонија.

Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, се наведува во соопштението.