САД

Трамп одбележа шест месеци од преземањето на функцијата

21.07.2025 19:48

Враќањето на Трамо донесе низа нови и обновени контроверзии, недоразбирања и превирања што ја обележаа домашната и надворешната политика и дополнително го поларизираа американското општество и меѓународната заедница...

Точно шест месеци откако Доналд Трамп вторпат ја презеде функцијата претседател на Соединетите Американски Држави. Неговото враќање донесе низа нови и обновени контроверзии, недоразбирања и превирања што ја обележаа домашната и надворешната политика и дополнително го поларизираа американското општество и меѓународната заедница.

На домашен фронт, Трамп вети дека ќе ја врати силната американска економија без „бескорисни“ трговски војни, но во првите недели на функцијата воведе нови тарифи за кинески, европски и мексикански производи.

Еден од најсериозните инциденти во надворешната политика во новиот мандат на Трамп се случи на 28-ми февруари во овалната соба на белата куќа за време на состанокот со украинскиот претседател Зеленски.