Девет пожари на отворено од кои шест активни, два ставени под контрола
Според последните информации активни пожари има во општините Василево, Ресен, Македонски Брод, Прилеп, Желино. Но, секако ситуацијата е непредвидлива и надлежните се постојано на терен и ја следат ситуацијата...

Девет пожари на отворено во земјава од кои шест се активни, два се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат. Според последните информации активни пожари има во општините Василево, Ресен, Македонски Брод, Прилеп, Желино. Но, секако ситуацијата е непредвидлива и надлежните се постојано на терен и ја следат ситуацијата. Велат дека се гасне и од копно и од воздух.
Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од институциите за одговорно однесување на отворен простор, велат од Центарот за управување со кризи. Додаваат дека и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери.
Надлежните постојано апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да не палат оган на отворено. Надлежните се сомневаат дека поголем број од пожарите се подметнати.
Ана Јосифоска
