Ќе се продолжува рокот за легализација на тракторите
20.08.2014 13:24
Земјоделците бараат последниот термин да биде до крајот на годинава...

Крајот на годинава најверојатно ќе биде последниот рок за легализирање на тракторите. По барање на земјоделците, законскиот термин кој измина на 30-ти септември лани, повторно ќе биде продолжен.
Досега 20.000 земјоделци го оствариле правото за докажување на сопстевеноста на механизацијата. Од опремата се легализирани само илјада, а се смета дека има од 30 до 35.000 приклучни машини.
Според земјоделците причините се во загубените документи и меѓусебното препродавање без соодветни докази за сопственоста.
Исполнувањето на техничките стандарди и обврската за плаќање на давачките кон државата се исти како и за другите моторни возила.
Методија Трајков
