Трајно вработување за околу 140 хонорарци во тетовската болница
Ќе се реши проблемот со хонорарците во тетовската болница. Министерот за здравство, Алиу, рече дека трајно ќе се вработат околу 140-те луѓе кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време. Проблем со персонал има и Брзата помош...

Ќе се реши проблемот со хонорарците во тетовската болница. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека трајно ќе се вработат околу 140-те луѓе кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време.
Проблем со персонал има и Брзата помош. Министерот знае дека и таму фалат луѓе, особено во овој период кога траат горештините. Рече дека се работи и на тоа прашање.
И Министерството за финансии одговорило позитивно и навреме за вработувањата во тетовската болница.
Дека здравството со години има потреба од сериозен кадар, постојано алармираат надлежните, барајќи согласност за вработувања, оти сите болници кубурат со кадар.
Претходно, претставниците на медицинскиот персонал рекоа дека очекуваат да се исполни ветеното од министерот. Тие повеќе пати до сега протестираа во кругот на болницата.
Борис Грујоски
