Стандард

Минималната синдикална кошница потешка за 630 денари во сопредба со јуни

21.07.2025 16:32

Синдикалната кошница во јули изнесува 65 328 денари – пресмета Сојузот на синдикати. Во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. Делот кој се однесува на храна и пијалаци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари...

 

На едно четиричлено семејство ќе му бидат потребни минимум 65.326 денари за да го помине месецот. ССМ ги објави пресметките. Потрошувачката кошница за 630 денари поскапа во споредба со минатиот месец. Според синдикатот со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, таа изнесува околу 80.000 денари. Најмногу чинат храната и пијалоците, 23 682 денари, и за три месеци кај овие производи има најголем раст на цената односно 2.202 денари.

Премиерот Мицкоски најави оти се прават подготовки за да се спречи растот на цените. Нови мерки се кројат заедно со експертската јавност и Министерството за економија. Наскоро треба да се состане и Економско-социјалниот совет, а во фокусот на разговорите ќе биде потрошувачката кошничка. Премиерот ќе предложи таа да биде поделена во пет сегменти.

Откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти велат од ССМ.

Викторија Милевска