Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир
Попладнево ДУИ во Мала Речица одржа состанок на централното раководство каде беа разгледани кандидатурите за градоначалници на локалните избори...

Попладнево ДУИ во Мала Речица одржа состанок на централното раководство каде беа разгледани кандидатурите за градоначалници на локалните избори.
И официјално, противкандидат на вицепремиерот и министер за животна средина од „Вреди“, Изет Меџити, ќе му биде Бујар Османи од ДУИ, каде ќе трчаат за градоначалничката фотелја на Општина Чаир.
Потоа, сигурни кандидати се Бајрам Реџепи за Тетово и за Желино, Емир Сулејмани. Останатите имиња според информациите ќе се договараат со партиите од коалицијата Европски фронт. Утврдено е дека во Гостивар носител на листата ќе биде од ДУИ и тоа Валдет Џафери, а во Струга носител на листа ќе биде Фатон Положани.
