Расправа за дополнителниот предлог за ребалас на Буџетот
Ребалансот на буџетот на пленарна седница. Се зголемуваат и приходите и расходите. Државата ќе потроши речиси 57 милиони евра повеќе од рекордно високиот буџет кој беше донесен на крајот од минатата година...

По 10-дневната комисиска расправа, Ребалансот на буџетот на пленарна седница. Се зголемуваат и приходите и расходите. Државата ќе потроши речиси 57 милиони евра повеќе од рекордно високиот буџет кој беше донесен на крајот од минатата година.
Но, толку се очекува и да се соберат, а од финансии уверуваат дека нема да има продлабочување на дефицитот. Останува на старата проекција, 4 проценти од БДП. Инфлацијата ќе се зголеми од 2,2 на 2,8 насто, но ова е пониско од сегашната 3,3 проценти.
Министерката Димитриевска-Кочоска уверува дека јавниот долг нема да биде поголем од 62 насто од БДП. проекциите за раст останува на 3,7 проценти. Од СДСМ обвинија дека Буџетот не е развоен и дека двата клучни амандмани за помош и поддршка за семејствата на настраданите во Кочани и за поефикасно справување со пожарите биле отфрлени од владејачките партии.
