Утре нова една рунда разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул
Деталите се очекуваат денеска, но според светските агенции најверојатно ќе се дискутира за враќање на воените заробеници, децата киднапирани од Русија, како и подготовка на состанок на претседателско ниво...

Утре нова една рунда разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Деталите се очекуваат денеска, но според светските агенции најверојатно ќе се дискутира за враќање на воените заробеници, децата киднапирани од Русија, како и подготовка на состанок на претседателско ниво.
На фронтот состојбата непроменета. Нови напади врз Одеса, гранатирањата предизвикале пожари и оштетиле згради во градот. Државната служба за вонредни состојби објави дека едно лице е повредено како резултат на ударот.
Украинските сили пак, со беспилотни летала одново ја нападнаа Московската област и други руски региони.
