Нуклеарни преговори со европската тројка во петок
Техеран најверојатно в петок во Турција ќе одржи обновени разговори со европските земји за нуклеарната програма...

Техеран најверојатно в петок во Турција ќе одржи обновени разговори со европските земји за нуклеарната програма. На дискусиите ќе присуствуваат претставници од Велика Британија, Франција и Германија и шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.
Разговорите во Истанбул, ќе бидат први откако беше постигнат прекин на огнот по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран изминатиот месец, во која САД исто така нападнаа нуклеарни постројки на Техеран.
Нуклеарните постојки на Иран се сериозно оштетени по нападите, уверува иранскиот министер за надворешни работи. Западните земји и Израел долго време го обвинуваат Иран дека има намера да развие нуклеарно оружје – Техеран негира.
