Мицкоски денеска на средба со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“
Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил.
Како што информираат од владината прес-служба, по средбата двајцата ќе потпишат Меморандум за разбирање во Свечената сала на Владата.
По завршување на настанот во Свечената сала, претседателот на Владата, Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Џемил, ќе одржат прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.
Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање треба да се отвори патот за реализација на инвестицијата „Казанџи груп“, вредна една милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.
