Голема заинтересираност за отпис на долгови во Тетово

20.08.2014 13:26

Втор ден од почетокот на поднесувањето барања за отпис на долгови на граѓаните, во Тетовскиот центар за социјални работи состојбата идентична како и во другите градови...

Граѓаните поднесуваат барања за отпис на долгови на шалтерите не Центарот за социјални грижи во Тетово. Сите се со надеж дека ја имаат соодветната документација и дека ги исполнуваат условите за да ја искористат оваа владина мерка.

Во Центарот за социјални работи во Тетово, само денеска, барања поднеле повеќе од 300 лица.

Граѓаните сметаат дека оваа мерка е добредојдена за ранливите категории.

„Тоа е добро за оние што немаат. На пример, јас земам социјална помош. Тие што немаат можност, од некоја страна ќе добијат помош. Документи, лична карта, венчаница – тоа да се исполни, па после ќе чекаме“, рекоа жители на Тетово со кои поразговаравме.

Се отпишуваат долгови за струја, парно, кредити, долгови кон извршители, нотари... Од центарот за социјални грижи велат дека граѓаните се информирани за условите што треба да ги исполнат.

„Треба да биде во социјален ризик, невработен најмалку 12 месеци, да биде порисник на социјална помош, оние што останале во социјален ризик поради смрт на близок член на семејството, инвалидност на еден член на семејството“, изјави Иљаз Алија, Службеник во Центар за социјални работи – Тетово.

Поднесувањето на барањата започна вчера, а ќе трае триесет дена.

 

Зоран Јованоски