ЦУК
Шест активни пожари, пет под контрола
22.07.2025 10:15
Сè уште гори во општините Василево, Радовиш и Берово, селото Нивичино на планината Мал Готен и малешевските планини...

Од ЦУК информираат дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои шест се сè уште активни, пет се под контрола и 27 се изгаснати.
Сè уште гори во општините Василево, Радовиш и Берово, селото Нивичино на планината Мал Готен и малешевските планини. Активни се и неколкуте пожари во Македонски Брод, во прилепско и во Желино.
