Концерт

Концерт на италијанската пијанистка Цинзија Бартоли

22.07.2025 10:43

Во Музејот на македонската борба за самостојност, вечерва, во 20.30 часот, ќе се одржи концерт на италијанската пијанистка Цинзија Бартоли...

Во Музејот на македонската борба за самостојност, вечерва, во 20.30 часот, ќе се одржи концерт на италијанската пијанистка Цинзија Бартоли.

Како што информираат од Дирекцијата за култура на Скопско лето, Бартоли студирала и дипломирала со почести на Конзерваториумот „Н. Паганини“ во Џенова.

Откако се стекнала со „Diplome Superieur d’enseignement“ на Ecole Normale de Musique „Алфред Корто“ во Париз во училницата на Жан Мико, последниот помошник и поважен ученик на големиот пијанист Алфред Корто, таа посетувала курсеви за усовршување кај професорите Пол Бадура-Шкода и Стефан Аскеназе на Музичката академија „Оторино Респиги“ во Асизи (Италија).

Репутацијата на Бартоли како солист, додаваат, ја одвела на престижни места низ целиот свет, заедно со нејзината љубов кон камерната музика редовно се појавувала на камерни и оркестарски музички рецитали.

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Скопско лето